По две одложувања, започна судскиот процес во Основниот суд во Гостивар, против полицаецот Јаким Трифуноски, обвинет за убиството на Бесник Шехапи и Имран Мехмеди.
Трифуновски на денешното рочиште конечно прозборе за тоа што се случило и зошто бил нападнат.
„Ми ја нападнаа ќерката и сакаа да ми се осветат бидејќи сум полицаец. Немаше никакви мотиви од национална и верска природа“, изјавува Трифуновски на денешното рочиште во Судот во Гостивар.
Ова е првото судско рочиште со негово присуство откако претходно процесот беше два пати одложуван поради безбедносни причини. Овојпат Трифуновски се појави на судењето, а беше донесен со големо полициско обезбедување.
Според обвинението, Трифуноски во февруари годинава, по расправија за паркинг, со службен пиштол ги застрелал соседите Шехапи и Мехмеди.