Екс-премиерот и министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билт и потпретседателот на Беса, Африм Гаши пристигнаа во Холидеј Ин каде што е планирано да имаат работна средба.
На средбата најверојатно ќе се разговара за политичката криза во Македонија и нејзино решавање.
Билт по средбата со претседателот на СДСМ изјави дека Македонија може да просперира само доколку се држи до Уставот и законите при решавање на политичката криза.