СДСМ, ОМ и Достоинство: Oпозицијата против катастрофалната состојба

Од:

Состојбите во Македонија се катастрофални, назадуваме на сите полиња, нема слобода за медиуми, а има политички затвореници и партизирано судство, ова, изјави по средбата со претставниците на Достоинство и ОМ, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, е причина за соработка и обединување на опозицијата.

Политички монтираните и недемократски процеси се одлика на оваа влада, вели Јагода Митревска од Обединети за Македонија.

Основите за опозициски фронт се поставени, изјави Стојанче Ангелов, од Достоинство. Оваа власт рече, шири лажен патриотизам, ги велича првите антички воини, а ги заборави последните македонски воини. Во државата се собира арач, како што немало ни во турски, вели Ангелов.

Со следната средба Црвенковски-Љубчо Георгиевски, се заокружува серијата разговори за обединување на опозицијата.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски