ВИДЕО: Започна средбата Коѕиас – Димитров, грчкиот министер пречекан со протест

Од:

Никос Коѕиас пристигна во Министерството за надворешни работи, каде што ќе оствари средба со македонскиот министер за надворешни, Никола Димитров.

Грчкиот министер пред МНР беше пречекан со протест организиран од страна на „Македонски манифест“ и „Светскиот македонски конгрес“ кои бараат безусловен крај на разговорите за државното име, продолжување на членството во ОН под државното име Македонија.

„Се собравме поради посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас да кажеме дека независно од владата на Заев, за Македонците во целиот свет семакедонската црвена линија е името на државата. Бевме, сме и ќе бидеме Македонија и Македонци. Името на државата е идентитетот на нацијата. Промената на името на државата значи трајна промена на името на македонскиот народ и името на македонскиот јазик“, рече Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес“.

Тие предлагаат македонско-грчко помирување, договор за траен мир и добрососедство. Исто така бараат извинување и репарации, враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви

Србинка падна додека возеше џет-ски во Грција и загуби свест

А1он