Започна штрајкот на лекарите

Од:

Луѓето во бели мантили денеска од 7 и 30 наутро започнаа со штрајк. Од синдикатот информираат дека од 1.800 специјалисти колку што ги има во државава, 1.300 се потпишале дека го поддржуваат штрајкот.

Нема да попуштат се до изнаоѓање на заедничко прифатливо решение со министерот за здравство Никола Тодоров кој немаше, велат, слух за нивните барања. За него ова е политички мотивирана одлука.

Самостојниот синдикат на Kлинички центар укажува  дека Тодоров не изразил подготвеност за преговори, ниту за изготвување правила за работа во услови на штрајк.

Според синдикатот, доколку штрајкувачкиот одбор или штрајкувачите под било кој измислен изговор и спротивно на позитивните прописи биде подложен на притисок, санкционирање или претрпи штетна последица можно е во знак на револт самоиницијативно, солидарно комплетно  да го прекинат работниот процес.

„ Заканите што ги слушаме во последно време не само што е преседан за една демократска земја туку претставува и кривично дело, сите пациенти кои се затекнати во болниците ќе бидат лекувани, ниеден болен нема да му биде загрозен животот додека е во болница, но барањето на минситерот ние да работиме според неговите правила е нејасно зашто законот јасно препишува во услови на штрајк како се работи“, рече Милчо Пановски, од Самостојниот синдикат на лекари.

За време на штрајкот медицинските екипи ќе примаат само итни случаи, а сите други пациенти доколку немаат итна потреба од медицински услуги ќе бидат упатувани кон други здравствени установи.

Велат, и покрај огромниот револт нема да дозволат пациентите да бидат оштетени.

Би можело да ве интересира

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции