А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Започна реконструкцијата на објектот на Центарот за деца со церебрална парализа

by А1он06/07/2017 - 13:37319
Share0

Денеска започна реконструкцијата на Центарот за дневен престој на 45 деца со церебрална парализа. Овој објект ќе биде нивно убаво катче за престој, рекреација и забава во текот на наредните 2 години.

Добивај вести на вибер

Општина Центар го реализира проектот со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и со донација од рафинеријата Окта.

Родителите на децата велат дека проектот ги задоволува сите потреби на нивните деца, а особено се горди што проектот сами го направиле.

„Нашите деца досега беа заборавени од институциите. Не е дозволиво тие да немаат никакви права по 26-тата година“, рекоа родителите.

Поради изградбата на новото училиште во населбата Капиштец, имаше потреба од дислокација на Центарот за престој на децата со парализа.

Денеска, рече Министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска, започнува реконструкција на овој објект, кој што ќе го користат 45 корисници и кои ќе имаат физиотерапевтска и дефектолошка поддршка по сите принципи и стандарди.

„Ова е правено во согласност со родителите, бидејќи тие ни се многу важни во овој процес. Во новото училиште во Капиштец ќе има посебен дел за инклузија на лица со попреченост. На овој начин ќе добиеме 2 институции во Општина Центар кои ќе се грижат за оваа група на граѓани. Децата со церебрална парализа треба да добијат поддршка од другите општини и да го преземат овој успешен проект“, рече Министерот за труд и социјална политика, Царовска.

Градоначалникот Андреј Жерновски рече дека ова е многу важен проект за општината. Директна причина за реконструкцијата е изградбата на новото училиште во Капиштец и затоа мораше да има дислокација на Центарот за дневен престој. Но, тоа е и позитивно, бидејќи децата овде ќе имаат многу подобри услови од просториите каде што се и денеска сместени.

„По завршување на целосната градба на проектот, ќе го направиме она што е за нас многу битно, но и за родителите и децата. По 2 години, кога ќе биде завршено новото училиште, децата од Центарот ќе се вратат и ќе бидат сместени во склопот на училиштето, бидејќи не можеме да зборуваме за инклузија ако овие деца се посебно сместени“, рече градоначалникот Жерновски.

По 2 години, овој објект кој што ќе биде комплетно и модерно реконструиран, ќе прерасне во градинка, бидејќи тоа е повеќе од потребно во овој дел од Центар. Жерновски се заблагодари за помошта од Министерството и од рафинеријата Окта.

Со помошта што компанијата Окта ја дава за реконструкција за овој Центар, ќе се обезбеди ново место за згрижување на децата со церебрална парализа, кој ќе нуди современа нега и терапија и секојдневна поддршка за нивните родители.

Постојат многу групи граѓани кои имаат потреба од помош за секојдневно да излезат во пресрет со секојдневните притисоци, но имајќи ја предвид бројноста на децата со церебрална парализа, како и отсуството на соодветен Центар, сметавме дека во моментов имаат приоритет за добивање на нашата поддршка и целосно внимание“, изјави Јанис Геруланос, Генерален извршен директор на Окта.

Царовска, Жерновски и Геруланос ги повикаа и другите компании да излезат во пресрет и да помогнат за децата со попреченост да добијат подобри услови. Реконструкцијата на објектот ќе чини 2 милиони денари.

centarsocijala

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Горан Наумовски30/10/2025 - 15:58

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ29/10/2025 - 18:1829/10/2025 - 18:19

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски28/10/2025 - 12:0428/10/2025 - 13:42

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:1028/10/2025 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен