• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Започна примената на времен сообраќаен режим за тешки товарни возила

by А1он01/07/2019 - 20:54313
Share0

Тешките товарни возила, чија вкупна маса преминува 15 тони, од денеска до 31 август за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, имаат забрана за сообраќање во петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 – 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

Добивај вести на вибер

– Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот, соопштија од АМСМ.

Посочија дека ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Имено, за време на викендите е воспоставен времен сообраќаен режим и на магистралниот пат А2, делница: Скопје-Охрид-Скопје , кој се однесува на тешки товарни возила, чија маса надминува 7,5 тони.

Од 1 јули до 1 септември тешките товарни возила, имаат забрана за сообраќање во петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела 07:00 – 22:00 часот, наведоа од АМСМ.

Од АМСМ истакнаа дека посебниот сообраќаен режим се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во земјата, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.

patistasoobrakjaj

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Горан Наумовски02/12/2025 - 10:52

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он21/10/2025 - 16:4021/10/2025 - 16:24

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски01/09/2025 - 14:57

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 12:14

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он19/01/2024 - 08:1819/01/2024 - 13:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен