Започна изградбата и реконструкцијата на регионалниот пат Арачино – Липково

Од:

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија Муса Џафери, придружуван од заменик-министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами, денеска присуствуваа на започнување на работите за реконструкција и изградба на регионалниот пат Арачино – Липково.

Како што соопшти Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор, вицепремиерот Џафери истакнал дека инвестирањето во патната инфраструктура останува приоритет за Владата на Република Македонија, а реализацијата на овој проект е дел од владината програма.

– Означуваме почетокот на реконструкција и изградба на регионалниот пат од Арачиново до Општина Липково, имено првата фаза од патот што вклучува околу 15 километри. Спроведувањето на оваа фаза ќе чини над 2 милиони евра, рече Џафери.

Тој додаде дека проектот ќе се спроведува во три фази и целосно ќе чини над 5 милиони евра, а ќе се реконструира и асфалтира пат од околу 30 километри.

– Со овој проект ја спроведуваме нашата програма, како што и ветивме. Овојпат првенствено ќе им служи на жителите на двете општини, Арачиново и Липково, изјави Џафери.

Според Бајрами, првата фаза ќе биде завршена во рок од една година, а потоа ќе продолжиме со реконструкција и асфалтирање на другите две фази. Бајрами најави дека во првата фаза се предвидува реконструкција и асфалтирање на патот од Арачиново кон селото Ропалце до Општина Липково.

На овој настан присуствуваа градоначалниците на Липково, Садула Дураку, и на Арачиново, Брахим Ајвази, како и пратеници и претставници од централната и локалната власт.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата