ВИДЕО: Запленети над 26 илјади парчиња пиротехника во Тетовско, приведено едно лице

Од:

Сообраќајни полицајци успеале да откријат и запленат над 26 илјади парчиња пиротехника утринава на наплатна станица за патарина кај тетовско Желино.

Пиротехниката била најдена кај 53-годишен жител на Скопје, кој е приведен.

– Полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово денеска (16 декември) околу 7 часот, при планирана контрола, а по претходни оперативно потврдени сознанија, на наплатна станица Желино, го лишиле од слобода Н.И.(53) од Скопје. При преглед на возилото што го управувал „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на скопска фирма, во возилото биле пронајдени 26.540 разновидни петарди и друга пиротехника и 77 килограми тутун, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Пронајденото е фотодокументирано и одземено за вештачење, а Н.И. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он