Запленети мрежи, риба и риболовна опрема во Охридското Езеро

Од:

Четириесет и седум рибарски мрежи во вкупна должина од 2.350 метри, триесет килограми разни видови риба и стотина примероци риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од почетокот на минатиот месец досега.

Како што соопшти денеска СВР Охрид, согласно Законот за рибарство и аквакултура, против пет лица се поднесени прекршочни пријави и две кривични пријави за незаконит риболов.

Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно девет прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Против шест лица поднесени се прекршочни пријави за управување скутери на Охридското езеро без пловидбени дозволи, без уверение за управување со пловен објект и управување скутери спротивно на владината одлука за ограничена пловидба на чамци и скутери на природните езера во Република Македонија, се вели во соопштението.

Од 1 јули заради поголема безбедност во пловидбата и на капачите, заштита на животната средина, како и намалување на рибокрадството стапи на сила ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење на скутери е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија