Запленети девизи, штрафови и метални цевки

Од:

Речиси четириесет и две илјади евра се обиделе двајца македонски државјани да изнесат од државава, сума која не била пријавена кај царинските службеници, извести Царинската управа.

Притоа, цариниците заплениле 2.139 пара патики со лого на заштитени трговски марки, 1.248 тоалетни води, 81 камера за видеонадзор, 55 штеки цигари, 1.041 делови од опрема за тетовирање и 19 делови од плазма машина за сечење, како и клеми за акумулатор, штрафови, капачиња за масло, вентили за нафта и метални цевки.

Фирма пак од струмичко Радово пријавила за увозно царинење 22.000 килограми грав со потекло од Киргистан, при што била приложена фактура со износ од 15.400 американски долари со платени транспортни трошоци.

– При контрола е откриено дека увозникот се обидел да избегне царински давачки во износ од над 73.000 денари – тврдат од Царината.

Би можело да ве интересира

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти

А1он

Димитриеска-Кочоска: Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството

Николовски: Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“