Запленети 23 килограми марихуана, приведени 7 лица во акцијата „Мрежа“

Од:

Околу 23 килограми високoквалитетна марихуана заплени МВР, а приведени се седум лица, со што е пресечен меѓународен канал за шверц со дрога од Албанија, преку Македонија кон Хрватска, при што е разбиена меѓународна криминална група.

Како што информираше на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, дрогата запленета во рамки на акцијата „Мрежа“,  при продажба на нарко-пазарите во соседството на големо би достигнала цена од околу 70 илјади евра, додека на мало вредноста би била неколкукратно повисока.

Јанкулоска нагласи дека до Основното Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против 9 лица, вклучувајќи и двајца албански државјани осомничени за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од приведените, четворица се македонски државјани на возраст од 22 до 52 години, тројца хрватски државјани на возраст од 40 до 54 години, а двајца албански државјани, по кои се трага, се осомничени дека биле дел од оваа криминална група.

Албанските државјани, според досегашните сознанија на МВР, на крајот на мај и почетокот на месецов, набавиле марихуана за понатамошна продажба. При пакувањето учествувал еден хрватски државјанин, кој заедно со еден од осомничените македонски државјани обезбедиле преса за полесно сместување на дрогата во бункер на возило. Со помош на член на групата од Македонија, пресуваната марихуана ја префрлиле во околината на Дебар и имале улога на посредници. Двајца други хрватски државјани, ангажирале трето лице да го изврши транспортот и да обезбеди возило. Со возило „Крајслер-војаџер“ со хрватски национални ознаки во околината на Дебар, осомничените ја преззземале марихуаната и се упатиле кон Струга.

Полицијата, подвлече Јанкулоска, на регионалниот пат Дебар-Струга во близина на село Велешта го стопирала возилото и при претрес во подот на багажниот простор биле откриени три специјално направени бункери во кои се пронајдени 28 пакувања со растителна материја со зелена боја.

– По извршени претреси во домор на еден од осомничените, беа пронаједни 17 полиетиленски пакувања исполнети со прашкаста материја-кокаин, наменети за улична продажба, рече меѓу другото Јанкулоска, додавајќи оти било утврдено дека се работи за приближно 23 килгорами марихуана и околу 5 грама кокаин.

Јанкулоска потсети дека во рамки на операцијата „Мрежа“ досега се приведени околу 80 лица, а се запленети приближно половина тон разни наркотици.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он