Запленети 177 парчиња охридска белвица, приведено лице од Република Албанија

Од:

Денеска (3.10.2022), по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Св.Наум го привеле А.П.(53) од Република Албанија.

dobivaj vesti na viber

При контрола во патничко возило „фолксваген туран“, со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија.

А.П. е приведен во Полициската станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Најдени и одземени рибарски мрежи во Охридско Езеро

А1он

Фатени рибокрадци со 89 килограми риба

Драган Поповски