Фатени рибокрадци со 89 килограми риба

Од:

Полицијата синоќа, при контрола на возило лада нива на патот Штип-Радовиш, кај фабриката „Актива“ кое било без регистерски таблички открила 89 килограми риба и недозволена опрема за риболов.

Во 22 часот полициски службеници од Полициска станица Штип ги привеле 42 – годишниот Ф.И., 36 години С.Е. од село Селце и Р.А. од село Пенуш, штипско, затоа што во 20.25 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, во близина на „Актива“, при контрола на патничко моторно возило без регистарски таблици, во кое се превезувале, не поседувале документи за идентификација и документи за возилото, а при прегледот во возилото била пронајдена поголема количина риба, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Претседателот на Здружението на спортски риболовци „Брегалница 2011“, Никола Мицевски вели дека при увидот пронајдени се 89 килограми риба бојник, два комбинизони и еден сак, кое е недозволено средство за ловење на риби.

Едното од лицата кои беа спроведено во Полциската станица кажало дека рибата ја ловел во сак во штипското село Црешка на река Брегалница, каде што концесионер е Здружение на спортски риболовци „Брегалница 2011“, вели Мицевски.

Здружението „Брегалница 2011“ рибата и недозволената опрема ги предаде на Државниот инспекторат за земјоделство, а против рибокрадците ќе поднесат кривична пријава за криволов и барање до судот за оштета согласно ценовникот за риболов.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница