Најдени и одземени рибарски мрежи во Охридско Езеро

Од:

Девет мрежи со уловени 82 парчиња риба се пронајдени меѓу Лагадин и Пештани, од страна на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделие и водостопанство.

„На 17/18.01.2022, во периодот од 19.00 до 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделие и водостопанство, на потегот од нас.Лагадин до с.Пештани, на околу 100 метри од брегот на езерото пронашле осум рибарски мрежи со должина од околу 50 метри, со улов од 82 парчиња риба.

Исто така, наспроти автокампот „Градиште“, на околу 100 метри од брегот на езерото, била пронајдена една рибарска мрежа со должина од околу 50 метри.

Риболовниот алат со уловот е подигнат и донесен во Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Накитена подводната новогодишна елка во Охридското езеро

Запленети 177 парчиња охридска белвица, приведено лице од Република Албанија

Охридското Езеро од албанска страна годинава порибено со 1,7 милиони подмладок пастрмка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Културно историски знаменитости во Охридското Езеро

77-годишен човек се удави во Охридско езеро

Катерина Павлова-Николовска

Се запали скутер во Охридско Езеро, за среќа нема повредени