А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Запленети 12 кг марихуана на Ќафасан

by А1он11/05/2013 - 12:24182
Share0

Вчера околу 16:00 часот по извршувањето рутинска контрола од страна на царинските службеници на граничниот премин Ќафасан во возило марка „Алфа ромео“ со италијански регистерски таблички биле откриени 12 килограми марихуана.

Добивај вести на вибер

Со возилото, како што информираат од Царинската управа, управувал италијански државјанин кој бил придружуван од уште едно лице од Италија.

Во автомобилот биле пронајдени вкупно 24 пакувања со тревкаста зелена материја завиткана во алуминиумска фолија.

Осомничените имале намера преку Македонија, Србија, Хрватска и Словенија повторно да се вратат во Италија и таму да ја продаваат марихуаната, но при обидот биле откриени од страна на царинските службеници.

Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а сторителите се изведен пред надлежен истражен судија.

carina

Би можело да ве интересира

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ31/12/2025 - 22:5031/12/2025 - 22:53

Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

Горан Наумовски31/12/2025 - 12:16

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти

А1он14/07/2025 - 15:41

Димитриеска-Кочоска: Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството

Горан Наумовски14/07/2025 - 11:54

Николовски: Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави

Горан Наумовски20/05/2025 - 12:17

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски16/04/2025 - 11:2816/04/2025 - 11:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен