Два автомобила биле запалени во понеделник наутро околу 3 часот во Скопје, соопшти МВР.
Едниот автомобил „опел корса“ бил опожарен со запалива течност на паркинг на булеварот „Јане Сандански“ во населбата Аеродром. Возилото било сопственост на 55-годишната М.Д.
Оштетени се уште два автомобила кои биле во близина на запалениот автомобил.
Другиот автомобил „Ауди А4“ бил запален во исто време на булеварот „Октомвриска револуција“ во општина Карпош. Засега не се познати причините од што се запалило „аудито“.
Извршен е увид на лице место и полицијата истражува кој и како се запалиле автомобилите.