Автомобил марка „Волксваген Пасат“ со скопски регистерски таблички беше запален рано утрово на улица „7-ми јули“ во Скопје.
Случајот бил пријавен утрово околу 4:30 часот, а возилото било опожарено од непознати причини.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот како и утврдување на причините кои што довеле до опожарување на возилото.