Заменик министерот Нухиу ги отвори 15. Спортски игри и средби на членовите на МПС во Охрид

Од:

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска во Охрид присуствуваше на свеченото отворање на Петнаесеттите спортски игри и средби на членовите на МПС кои од 14-16 –ти септември се одржуваат во Охрид. Годинава покрај членовите на Македонскиот полициски синдикат, учествуваат и претставници од девет полициски синдикати од други земји.

Заменик министерот Нухиу во своето обраќање рече дека оваа традиција која што ја има воспоставено Македонскиот полициски синдикат, со јасна тенденција да биде и квалитетен меѓународен спортски синдикален хепенинг, само по себе значи и комуникација, размена на искуства, меѓусебни запознавања.

„Синдикалното организирање, без дилема, е стожерот во борбата за заштита и унапредување на работничките права. Секое општество што тежи кон развој и просперитет, е должно да го негува и поддржува синдикалниот дух. Овој начин на дејствување, преку спортското натпреварување и другарување, колку тоа навидум да изгледа второстепено, може да има свои и тоа како позитивни ефекти во квалитетното синдикално функционирање“ истакна заменик министерот Нухиу пред присутните гости и претставници на МПС, посакувајќи им убав престој во Охрид на гостите и успех на учесниците , прогласувајќи ги спортските игри за отворени.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он