Заменик министерот Лабеништа поднесе оставка

Од:

Арбен Лабеништa, заменик министерот за одбрана, поднесе оставка од функцијата и од сите партиски позиции во ДУИ.

Лабеништа ова го објави на својот Фејсбук профил. Како причина за оваа одлука, тој вели дека е незадоволен од начинот на кој ДУИ се однесува кон актуелната политичка криза, но и од односот на Владата кон важните државни прашања.

arbenLabenista

„Нецивилизирани луѓе, неедуцирана демократија, недостатокот на етички и морални капацитети создава хаос, искористување, обесхрабрување, талог кој ќе ги покрие нашите напори за нашиот национален и општествен живот во иднина“, напиша Лабеништа.

Во понеделник ќе ја достави својата оставка до Министерството за одбрана.

ДУИ со соопштение ќе се произнесат за оставката на нивниот висок партиски и државен функционер.

Уредникот на Алсат-М, Мухамед Зекири, ја поздравува одлуката на Лабеништа.

zekSta

„Арбен Лабеништи секоја ЧЕСТ!!! Поднесе оставка од позицијата заменик министер за одбрана и сите партиски функции . Не сака да биде дел од влада која ги навредува АЛБАНЦИТЕ и нејзините граѓани и влада која до гуша е вовлечена во криминал и корупција… РЕСПЕКТ!!!“, пишува Зекири.

Лабеништа, претходно беше пратеник и кандидат за радоначалник на Струга..

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански