Заменик директор во училиште обвинет за малтретирање ученик

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Малтретирање во вршење на службата според член 143 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира Обвинителството, обвинетиот, на 26.11.2021 година, при вршење на службата како заменик-директор на основно училиште во селото Чегране, постапувал спрема ученик на начин со кој се понижува човечкото достоинство и личност. Оштетеното дете, ученик во осмо одделение, добил известување дека заедно со уште двајца соученици ќе биде прераспореден во друго одделение.

Тој се качил на вториот кат во училиштето за да го земе распоредот за новото одделение, но го затекнал обвинетиот кој најпрвин му се развикал затоа што се качил на спратот, а потоа започнал да го удира со шлаканици и клоца.

Оштетеното дете се здобило со телесна повреда – нагмечување во пределот на главата и настанот го пријавило во полициска станица, велат од Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип