Замена на осветлувањето во центарот на Струмица

Од:

Јавното претпријатие „Паркиралишта“ преку одделението за улично осветлување во изминатиов период изврши замена на осветлувањето во централното градско подрачје во Струмица.

На дел од булеварот „Маршал Тито“, на потегот од кружниот тек (кај Поштата) до семафорите кај „Глобал“, дотраените живини светилки од 250 вати се заменети со COB (chip on board) лед арматури од 150 вати. Со исти такви се заменети и натриумовите светилки од 250 вати на дел од булеварот „Ленинова“, од хотелот „Централ“ до крајот на „Глобал“.

– Монтирани се 51 лед арматури, а ваква активност се планира и во наредниот период, доколку анализите за квалитетот и заштедата на енергија ги покажат очекуваните разултати. Л технологијата користи помеѓу 30 и 50 проценти помалку енергија и е полесна и поевтина за одржување, а една лед светилка произведува и до четири пати повеќе светлина од живините и натриумовите светилки. Покрај другите бенефити, лед технологијата има подолг век на траење, како и значаен придонес за еколошки здрава средина, истакна Верица Узунова, директор на ЈП „Паркиралишта“.

Светилките имаат работна трајност до 50.000 часа и гаранција до три години.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица