Закројување на лозјето во кумановско средно уцилиште „Киро Бурназ”

Од:

 

Ученици, наставници, граѓани и претставници на локалната власт, денеска присуствуваа на манифестацијата „Закројување на лозјето“ која ја организира средното стручно училиште „Киро Бурназ“ од Куманово.

Закројувањето на лозјето е една од важните агротехнички мерки со кои се регулира приносот и квалитетот на добиенто грозје, објаснија професорите по стручните предмети од училиштето.

Учениците од земјоделската струка заедно со професорите одгледуваат лозје на површина од два декари во училишниот двор на оваа стручно училиште.

– Преку оваа манифестација сакаме да ги заинтересираме уште повеќе нашите ученици за оваа гранка. Просторот го користиме за опитни цели и се разбира за стручно усовршување на нашите ученици за кои се се надеваме дека ќе станат успешни кадри во оваа индустрија, вели директорката на училиштето Весна Трајковска.

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски рече дека Македонија нуди квалитетни вина, препознатливи на европскиот пазар.

– Лозарството се многу продуктувно,сметам дека Македонија има услови и нуди бренд препознатлив во Европа. Македонија има иднина токму во оваа гранка ,со содавање на винарии кои нудиат перспектива за економскиот развој, рече Дамјановски.

Потсети дека пред дваесетина години на подрачјето на Куманово успешно функционираше винарија и дека во последнте години се отвораат мали семејни винарии кои полека се пробиваат на пазарот.

-Се надевам дека со стручни кадри ќе се развие оваа гранка, рече Дамјановски.

Манифестацијата е традиционална и се организира во чест на Свети Трифун, заштитникот на лозарите.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза