Законски измени за скратена постапка при уредување меѓи

Од:

Преку измени на Законот за катастар на недвижности Владата најавува олеснувања во уредувањето на меѓите или сосопственичките права. Ќе се овозможи само со потпишување изјава на нотар граѓаните да станат сопственици на својот дел, наместо сегашното законско решение со договор и геодетски елаборат.

Трошокот за изјавата на нотар ќе чини 150 денари, а за сегашните договори за физичка делба се плаќа 100 евра, како и околу 50 евра за изработката на геодетски елаборат.

Сосопственички односи, според анализите, има кај 54.224 парцели.

– Кога се јавуваат разлики помеѓу стариот и новиот премер, односно кога има навлегување на парцелите од еден сосед кај друг или пак доколку се јавуваат сосопственички односи во случај кога еден сопственик ја продал парцелата на повеќе други лица, но не била направена физичка делба, досега беше потребно да се направи физичка делба за кој трошоците изнесуваа 100 евра, како и геодетски елаборат кој чинеше околу 50 евра. Со сегашните измени ќе биде доволно само да се потпише изјава подготвена од Катастарот и со обично заверување на потписите на заинтересираните страни постапката да се заврши во Катастарот во еден чекор, рече денеска на прес-конференција Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

Со оваа законска реформа, истакна, 131.023 граѓани на брз и едноставен начин ќе можат да ги решат сосопственичките права.

Би можело да ве интересира

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски

Попов: Младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Горан Наумовски

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија

Пратенички прашања во законодавниот дом

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски