Законски измени за регулирање на он-лајн трговијата

Од:

Какви гаранции или сертификати треба да има производот што се купува на интернет, за колку дена може да се врати, дали располага со потребните увозни декларации и која е неговата финална цена. Ова се само некои од прашањата дефинирани со најновите измени на Законот за заштита на потрошувачите кои денеска го поминаа првото читање пред собраниската Комисија за економски прашања.

Измените се носат по иницијатива на потрошувачите со цел регулирање на он-лајн трговијата.

– Во Македонија он-лајн трговијата станува се попопуларна. Досега како проблематика не беше третирана, не беа дефинирани условите за заштита на потрошувачите од ваков вид купопродажба. Сега, со најновите законски измени, точно ќе се знае какви гаранции или сертификати треба да има производот што се купува на интернет, за колку дена може да се врати, дали располага со потребните увозни декларации кои би го направиле безбеден за користење, дали е здрав,… Потрошувачите ќе бидат заштитени, односно ќе им се овозможи да го купат тоа за што даваат пари, рече заменик-министерот за економија Христијан Делев, образложувајќи го текстот.

Финалната цена на производите кои се купуваат он-лајн, додаде, ќе биде цената утврдена на денот на нарачката, во моментот на притиснувањето на копчето „купувам“ и нема да смее да се менува.

– Во периодот од купувањето до испораката на производот, независно колку долго тоа ќе трае, се забранува каква било промена на цената што досега не беше случај и се злоупотребуваше, напомена Делев.

Според претседателот на Комисијата Владанка Авировиќ, измените се повеќе од добредојдени зашто има безброј малверзации во овој сегмент кои треба да се превенираат.

– Голем број луѓе го злоупотребуваат ваквион начин на купување и ги прелажуваат купувачите не само кај нас, туку и во поразвиените земји. За превенција на ваквите случаи, мора да одиме во чекор со измените во ЕУ. Мора да се стопира злоупотребата на парите што ги вложуваат купувачите за одреден производ, посочи Авировиќ, додавајќи дека законот допрва ќе претрпува измени во оваа насока.

Собраниската Комисија за економски прашања на седницата ги поддржа и измените на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, кој предвидува електронско регистрирање, по што оцени дека може да се даде на натамошно, второ читање.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза