Законски измени за подобрување на состојбите со собирањето отпад од пакување

Од:

Законски измени за да се подобри состојбата со собирање отпад од пакување најави денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според извештаите од минатата година во Македонија се собрани 12 проценти отпад од пакување, додека во западните држави се собираат до 70-80 проценти.

– Не сум задоволен, меѓутоа тежнееме да ја подобриме ситуацијата. Веќе сме во фаза на подготовка на измени на законот за пакување од отпад така што се надеваме дека значително ќе се поправи ситуацијата, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, кој учествуваше на меѓународна конференција што се одржа во Стопанската комора на Македонија.

Од Министерството велат дека националното законодавство е идентично со европското, но оти треба да се види на кој начин тоа се имплементира.

Експертите сметаат дека за подобрување на состојбата потребни се здружени сили на сите чинители засегнати во овој процес.

Филип Ивановски од „Пакомак“ вели дека 45 проценти од компаниите, иако имаат законска обврска, не финансираат систем за колективно собирање отпад и оти има општини кои соработуваат, но и такви кои не се заинтересирани.

– Кај нас за жал има општини кои го немаат решено општото сумирање на комуналниот отпад, а не пак да влезат во селективно собирање.Секако најактивни се оние општини кои имаат поголема финансиска моќ да вложуваат и што имаат средено одредени комунални прашања, рече Ивановски.

Денешната конференција беше во организација на Асоцијацијата за секундарен отпад.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза