Законски измени во делот на систематските прегледи на вработените

Од:

Подобрување на квалитетот на здравствени услуги од страна на овластените здравствени установи кои ја вршат дејноста медицина на трудот, зајакнување на механизмот на контрола, одредување на стандарниот минимум на здравствени прегледи и воведување глоби за правното и одговорното лице во овластената здравствена установа се основна цел на предложените измени и дополнувања Законот за безбедност и здравје при работа.

Ова го истакна денеска на прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој посочи дека Владата и ресорното министерство се насочени кон обезбедување подобри услови за работа, но и кон подобра заштита на работниците.

Причина за иницирање на законските измени се информациите од терен дека здравствените прегледи кои им се вршат на работниците како редовни систематски прегледи не се стандардизирани според видот и обемот, односно не се опфатени сите сегменти, анализи и испитувања кои треба да им се направат на работниците заради констатирање на вистинската здравствена состојба кај секој поединец.

– Информациите говорат дека постојат здравствени установи кои на своја рака ги диктираат цените и, наплатувајќи пониски износи од утврдените во ценовникот, создаваат нелојална конкуренција во оваа област, рече Ристовски.

Со дополнување на Законот, додаде, се обезбедува подобрување на квалитетот на здравствените услуги на вработените, но и подобрување на квалитетот на услугите во системот на здравствена заштита и здравствените услуги во врска со здравјето и безбедноста при работа.

Тој појасни дека здравствените установи, покрај стандардниот минимум на прегледи за вработените што мора работодавачот да го обезбеди најмалку на секои 24 месеци, должни се да ги почитуваат и цените предвидени за определениот пакет на здравстените услуги, односно не смеат да наплатуваат под цените наведени во ценовникот.

– Во зависност од проценката на ризикот на работното место и карактеристиките на дефинираните професионални штетности и опасности покрај стандардниот минимум се вршат и дополнителни прегледи, нагласи Ристовски.

Со предложените измени, според заменик министерот за здравство Јовица Андовски, ќе се зајакне механизмот на контрола, односно надзорот над примената на овие прописи и работењето на овластените здравствени установи истовремено ќе го вршат Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, пред се заради заштита на здравјето на вработените.

Доколку овластените здравствени установи не ги извршат здравствените прегледи согласно со уредбата ќе подлежат на глоба во износ од пет до осум илјади евра за прекршок на правното лице и 500 до 1.000 евра за одговорниот.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство