Законот за заштита од пушењето е усогласен со европската регулатива, вели министерот Алиу

Од:

Министерството за здравство соопшти дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување.

-Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неспорни – тутунот и никотинот остануваат водечка причина за превентабилна смрт, изложеноста на чад и аеросоли ги оштетува и тие кои не избрале да пушат, а новите никотински производи, аромите, агресивниот маркетинг и дигиталната промоција се насочени токму кон младите. Затоа, Министерството за здравство изготви нов Закон за заштита од пушење, чија намера не е казнување, туку превенција, јавно здравје и заштита на најранливите категории граѓани, оценува министерот за здравство, Азир Алиу.

Целта на новите законски измени, се посочува, е воспоставување контрола врз појавата и ширењето на новите тутунски и никотински производи, особено нивната агресивна промоција и лесна достапност. Истовремено, се воведува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство, се ограничуваат продажбата и изложувањето на тутунски и никотински производи, како превентивни мерки за поддршка на откажувањето од зависноста, и конечно, се зајакнува забраната за пушење во јавни и работни простории.

-Со овој закон, испраќаме јасна порака дека здравјето е повисока вредност од било кој комерцијален интерес, дека здравјето на децата не може да биде предмет на профит, дека јавниот простор мора да биде безбеден простор. Воедно, законското решение е усогласено со европската регулатива и со меѓународните обврски што државата ги има преземено, принципите на Рамковната конвенција на Светската здравствена организација, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Алиу: Ќе бидат обезбедени лекови за пациентите со ретки болести, ќе има тригодишна набавка

А1он

Строги мерки без резултати? Прашања за ефектите од новиот закон за заштита од пушењето

Горан Наумовски

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти

Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци

Европски примери што предупредуваат: Кога забраните за тутунски и никотински производи не функционираат

Катерина Ѓуровски