Законот за матична евиденција не треба да биде донесен во предложената форма реши Извршниот одбор на СДСМ

Од:

Законот за матична евиденција не треба да биде донесен во оваа форма, a консултативниот процесот за Законот за родова еднаквост да прдолжи, ова се заклучоците од седницата на Извршниот одбор на СДСМ.

– Извршниот одбор на СДСМ отвори дискусија и за аспектите кои што се отворени во јавноста во врска со Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Го потенцираме фактот дека станува збор за сосема различни и засебни предлог законски решенија. Предлог Законот за матична евиденција Владата го повлече од собраниска процедура во март 2022 година за да се направи дополнителна консултација, за да исполнат очекувањата на целото општеството. Врз основа на ова, Извршниот одбор одлучи дека во ваква форма Законот за матична евиденција не треба да биде донесен и треба да продолжи процесот и вклучување на сите засегнати страни со цел изнаоѓање општо прифатливо решение. СДСМ е партија која гради демократско општество, која силно е посветена на еднаквоста меѓу мажите и жените, која инвестира во меѓусебна толеранција, почитување на човековите права и слободи, се вели во соопштението од партијата.

Извршниот одбор на СДСМ заклучил дека консултативниот процес за Законот за родова еднаквост треба да продолжи, да се прошири јавната дебата со сите засегнати страни и чинители, со цел доаѓање до решение во интерес на целото општество, пред законот да влезе во владина и собраниска процедура.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски