(ВИДЕО) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Од:

Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни клиники. Наместо експресна реакција, наместо објавување на сите информации, наместо одговорност власта со денови молчи. Сè уште нема изнесено целосни информации пред граѓаните, не е објавен извештајот, инволвираните, кои се лекарите, кои се приватните клиники. Се крие од јавноста кој од докторите дал индикации за операциите. И сè уште нема поднесено ниту една кривична пријава. Не може злоупотреба на здравствената професија за профит на поединци вака да се третира, вели Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

– Што се чека? Како некој да се обидува да го заташка овој монструозен случај. Дали некому му се дава време да ги сокрие трагите, да „исчисти“ документи? Вакво однесување е неспоиво со одговорна, транспарентна и сериозна држава. Емоцијата на скандалот е поголема од бројките затоа што станува збор за човечки животи. Зборуваме за луѓе кои преживеале пекол а сега дознаваат дека нивната операција била непотребна. Дека некој ги гледал како профит, како средство за нечие богатење. Не може вакви скандали да се заташкаат. СДСМ ќе се бори за објавување на целата вистина и за одговорност.

Бараме:
1.Итно јавно објавување на извештајот, во фазата во која се наоѓа, без доработки и без прикривање.
2.Објавување на сите имиња на доктори кои дале индикација за операциите. Ова е клучно за понатамошната разврска на случајот.
3.Објавување на имињата на сите приватни клиники и субјекти вклучени во процесот и носењето одлуки
4.Веднаш поднесување кривични пријави без никакво одложување.
5.Психолошка и правна поддршка за пациентите и за семејствата кои поминале низ овој кошмар.

Ова е тежок скандал кој мора да биде третиран со максимална транспарентност и максимална одговорност. Јавноста ја заслужува целата вистина. Секој што учествувал во овој монструозен синџир мора да одговара, изјави Младеновска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски