Комисијата за европски прашања попладнево ја почна расправата за законите за Јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители. За двата закона денеска ќе расправа и Законодавно-правната комисија.
Собранието доцна синоќа ја утврди потребата овие закони да се носат по скратена постапка.
Законот за јавното обвинителство по прексиноќешното зелено светло од Владата вчера влезе во собраниска процедура.
Власта тврди дека е обезбеднено потребната двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување.