Законот за бранителите по скратена постапка

Од:

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ја прекина работата по законот за бранителите, откако Веле Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ информираше дека неговата пратеничка група го повлекла законот.

Истовремено тој соопшти дека во процедура е постапка за поднесување на истиот закон по скратена постапка од членовите на Комисијата за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ.

Во изјава по седницата, Георгиевски рече дека истовремено кога законот бил повлечен истиот бил поднесен и во скратена постапка и оти до крајот на денов или најверојатно до утре потписи за поднесување на текстот по скратена постапка ќе стават сите 46 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ е сериозна политичка партија. Она што го ветува тоа и го остварува“, рече Георгиевски.

На почетокот на седницата на Комисијата за труд и социјална политика на која ќе се разгледува законот по скратена постапка, Георгиевски најави дека ќе побара ограничување на обраќањата на неговите колеги што деловнички е дозволено. Така, рече дека 10 минути би траел говор на пратеник, три минути реплика и една минута контрареплика. Дополнително ќе побараме секој дискутант да се обрати само еднаш, рече тој.

– Дециден е дека законот за бранителите не е антилбански бидејќи во конфликтот во 2001 учествувале Македонци и Албанци, Турци, Срби, Бишњаци…, а меѓу загинатите имало и Албанци, рече Георгиевски.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера препорача нејзината пратеничка група да го повлече законот за бранителите и да го поднесе истиот по скратена постапка и притоа да се ограничи можноста за дискусии се со цел да не се блокира донесувањето на законот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски