ВМРО-ДПМНЕ договори стратегија за да се надмине блокадата за носење на Законот за бранители, од страна на коалициската ДУИ.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ препорача до пратеничката група да се заложи за ограничување на дискусиите во новата скратена постапка.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на својата денешна седница донесе одлука да препорача на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го повлече од процедура во редовната постапка предлогот за донесување на закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и за членовите на нивните семејства и повторно да го поднесе во скратена постапка до Собранието на РМ.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ препорача до пратеничката група да се заложи за ограничување на дискусиите во новата скратена постапка во работата на комисиите, согласно правилата од Деловникот за работа кој важат пленарната седница на Собранието на РМ, а со цел да се спречи злоупотребувањето на Деловникот и несуштинското траење односно одолговлекување на дискусиите, се вели во соопштението од партијата.
Законот е повеќе од месец дена„заглавен“ во Комисијата за труд и социјална политика поради противењето и тактиките на ДУИ. Месец дена Талат Џафери или дискутира маратонски или молчи.
ВМРО-ДПМНЕ инаку пред 2о-тина дена не го прифати предлогот на СДСМ за да се ограничат дискусиите.
Ова ќе ја одблокира собраниската процедура, но и ќе покаже како ќе се однесува ДУИ, која најави дека со сите средства ќе се бори за да се донесе ваков закон, во кој нема место и за припадниците на ОНА.