А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Законите за укинување на екстерното и локалните избори во скратена постапка во македонското Собрание

by А1он01/06/2017 - 15:2801/06/2017 - 16:28418
Share0

Собранието на Република Македонија денеска со 66 гласови за, и ниту еден воздржан и против, ја усвои Предлог-одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

На оваа седница во скратена постапка беа предложени измени на Изборниот законик, со кој локалните избори се предвидува да се одржат во првата половина на октомври годинава, како и законските измени за укинување на екстерното тестирање во основите и средните училишта.

Предлогот на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, поднесен од Оливер Спасовски, Ејуп Аљими, Африм Гаши, Весел Мемеди и Илија Димовски, како што образложуваат поднесувачите е со цел надминување на состојбата во Република Македонија поради неодржувањето на локалните избори во мај 2017 година и предлог изборите за членови на советите и за градоначалниците да се одржат во првата половина на октомври.

Предлог на закон за изменување на Законот за основното образование, предлог на закон за изменување на Законот за средното образование, и Предлог на закон за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта, сите во скратена постапка се предлагаат за да се укине екстерното тестирање.

Тестот од 30 прашања, рече пратеникот Петар Атанасов, не ја одразува реалната слика за знаење на ученикот, тој е нереален и необјективен.

Предложените законски измени откако беа ставени на дневен ред по скратена постапка, треба да бидат разгледани на соодветните собраниски комисии. Расправата по нив на пленарна седница на Собранието ќе продолжи откако ќе завршат комисиските расправи.

Седницата, рече претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе продолжи кога ќе се создадат условите за нивно разгледување и откако ќе го известат комисиите дека ги разгледале по постапка и процедура предвидена со законот.

На денешната седница им беа верификувани пратеничките мандати на Невенка Стаменковска, Никица Корубин, Мирослав Јовановиќ, Славица Шуманска Митева, Сашко Атанасов, Лилјана Поповска и Бети Рабаџиевска Наумовска.

Со процедурална забелешка имаше пратеникот Влатко Ѓорчев кој забележа дека треба да се провери дали во Собранието е присутно потребното мнозинство за почеток на седницата и за гласање. На ова Џафери му одговори дека поради затајување на системот на еден пратеник не му се евидентирало гласањето, поради што, како што истакна собраниските служби ги преоброиле присутните пратеници и утврдиле дека има потребно мнозинство од 61 пратеник.

Ѓорчев забележа и на фактот што Собранието продолжило со работа и покрај тоа што, пред неколку часа имало обид за убиство на Никола Тодоров, довчерашен пратеник, министер за здравство и вицепремиер.

Ние, рече тој, сме прекинувале седници и за сообраќајки на јавни личности и за партиски обврски на одредени партии, а денеска не ја прекинавме и покрај тоа што на Тодоров е извршен обид за убиство, кој обид, според него, е резултат на повиците и говорот на омраза на поранешната опозиција.

Поради овој случај, информира Ѓорчев, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да учествуваат во работата на Собранието.

Џафери појасни дека поради тоа што во овој случај нема последици по животот на Тодоров, мнозиството сметало дека е во ред да се продолжи со работа. Собранието, рече, и во потешки и посложени ситуации функционирало и понатаму треба така да функционира.

eksternolokalnisobranie

Би можело да ве интересира

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:57

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 09:12

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Горан Наумовски04/12/2025 - 20:56

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски03/12/2025 - 13:0703/12/2025 - 13:53

Попов: Младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Горан Наумовски27/11/2025 - 17:3628/11/2025 - 12:05

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија

Горан Наумовски27/11/2025 - 17:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен