Заклетва на новата група волонтери на Мировен корпус

Од:

Новата група американски волонтери кои пристигнаа во Македонија во септември годинава, на 4 декември ќе дадат свечена заклетва пред амбасадорот на САД Џес Л. Бејли.

Новите 41 волонтер се приклучуваат на повеќе од 500 волонтери кои служеле во Македонија од 1996 до денес. Ова е дваесетта група волонтери што ќе служи  во Македонија. Волонтерите на Мировниот корпус во моментов служат во 64 земји, а нивниот број е над 6.800.

Волонтерите ја даваат заклетвата по успешното завршување на интензивната, единаесетнеделна обука која вклучува изучување на македонскиот и на албанскиот јазик, културата и традицијата во Македонија, како и стручна подготовка за натамошната работа во земјава. По давањето свечена заклетва, волонтерите на Мировен корпус почнуваат со нивната  двегодишна работа во заедници низ Македонија.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза