Заканите не престануваат, лекарите не отстапуваат

Од:

На ден пред утрешниот штрајк на лекарите, по електорнска пошта, а на некои диретори на јавните здравствени установи и на лекарите им било испратено анонимно писмо во кое се набројани последиците од таквиот чекор.

Се предупредуваат лекарите дека целата штета за време на штрајкот ќе ја сносат организаторите и учесниците во истиот. Истовремено постојат индиции дека утре изутрина додека трае штрајкот од 7 и 30 до 10 часот, дека ќе има навала на наводни „пациенти“ со цел лекарите да се претстават како нехумани и во негативно светло.

„Сите штетни последици и евентуалните барања за надомест на штета ќе бидат упатени спрема организаторите и учесниците кои ја предизвикале штетата со учество во незаконскиот штрајк“, пишува во анонимно писмо кое е надополнето и со порака до менаџерите на установите дека можат да обезбедат замена за лекарите штрајкувачи, или да побараат од Владата да го стори тоа со цел да се добијат потребни кадри за вршење на здравствената дејност.

Од Синдикатот возвратија со свое предупредување порачувајќи дека ќе се стопира работата на клиниките доколку член на синдикатот или учесник во штрајкот биде подлежен на притисок или казнет.

Од Синдикатот упатија и писмо до пациентите во кое известуваат за условите за работа за време на штрајкот и порачуваат дека нема да дозволат пациентите да бидат изложени на ризик. Согласно можностите, велат тие, ќе бидат прегледувани сите, но ќе бидат лекувани само оние на кои им е неопходен третман.

Во соопштението до јавноста на Синдикатот стои дека ќе бидат третирани оние пациенти на кои им е загрозен животот. Од хроничните болни третман ќе им биде пружен на пациентите на дијализа и на оние кои имаат потреба од неодложна цитостатска и радиотерапија. Хоспитализираните, пак, ќе бидат лекувани до крајот на нивниот третман, а сите пациенти кои имаат договорени прегледи и хронично закажани оперативни процедури ќе бидат одложени за периодот после штрајкот.

Штрајкот почнува утре од 7.30 часот до 10 часот на работните места, а потоа лекарите ќе се соберат на хелиодромот во кругот на клиниката. Се рептпоставува дека над 90 насто од вработените ќе му се придружат на протестот.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

После изборите 18 лекари и здравствен персонал ќе ги добијат решенијата за вработување во штипската болница