Закани до адвокатката Чадиева, која откри дека судијка излегува од штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Адвокатката Даница Чадиева, по нејзиното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма е мета на закани. Таа во емисијата кажа дека сосема случајно сретнала судијка, ианаку еден од кандидатите за судија во Судот за човекови права во Стразбур, како излегува од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар.

„Листата на кандидати за Стразбур е само уште еден доказ колку е партизирано ова судство. Јас ќе кажам јавно дека една од кандидатите кои се предложени за судот во Стразбур, е моја колешка, судијка, која ја сретнав, сосема случајно, како излегува од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар. Се сретнавме и ми се обрати со зборовите:„Молим те, не кажувај“. Тоа е еден од основите за разрешување на судија. Играат тефтерчињата, мислам дека Стразбур има таква можност да ги одбие тие предлози“ откри во емисијата Чадиева.

Од тогаш почнале и заканите до неа, но вели дека ништо нема да ја исплаши и поколеба.

Еве што напиша Чадиева:

13115751_10153718323848022_131320160_n

Еве и до мене стигнаа заканите. Ќе ме унаказеле, ќе ми ги скршеле двете нозе, раце, носот ќе ми бил пукнат, а фацата унаказена. Епа бандо од ДПМНЕ, како Ви успева со секој потег да ми дадете мотив плус за делување против овој режим на секој можен начин?! Со последнава закана исто, како што велат далматинците на сињска алка “право у сриду”… Нема да ме исплашите, доаѓаат убави времиња. А Вие останатите, драги мои истомисленици, ако видите некоја жена со гипс на главата, рацете и нозете на протестиве да знаете дека сум ЈАС:) Се гледаме ! #NEMAPRAVDANEMAMIR

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски