„По барање на Сашо Мијалков пред 10 дена е отпочната процедура за лустрација на Слободан Богоевски“, објави Охрид Скај.
Дали тоа е личноста која се заканувала, дека доколку биде лустрирана, ќе ги објави сите кодоши од ВМРО-ДПМНЕ?
Павле Трајанов, објавува порталот, лично му соопштил дека од нивниот стар соработник,член на Комисијата за лустрација добил информации дека пред две недели од Архивот на Македонија се барани документи за лустрација на 5 началници на УБК од кои само двајца се живи.
Еден од нив е и Слободан Богоевски кој требало да биде лустриран следната недела.
Со закани до партијата доколку го лустрираат , Павле Трајанов го известил Груевски на средбата во Бест Вестерн и го замолил ако може , Богоевски да се иземе од лустрација, дознава порталот.
Богоевск, се дознава, и лично до неколку видни функционери на ВМРО-ДПМНЕ им упатил закани , дека сите документи за соработниците на тајните југословенски служби ги има , и ќе ги објави во сите медиуми доколку се случи негова лустрација.
Посебно упатил закани до Протуѓер дека ќе биде лустриран неговиот пријател ,највисокиот македонски дипломат како и еден основач на ВМРО-ДПМНЕ, кој бил заменик министер за одбрана во широката влада во конфликтот од 2001, пишува Охрид Скај .