Захорка: Македонија наскоро ќе стане членка на ЕУ

Од:

Ханс-Јирген Захорка, како добар познавач на ситуацијата во ЕУ е оптимист дека Македонија наскоро ќе стане членка на ЕУ и НАТО, пишува Deutsche Welle.

Тој смета дека од Грција наскоро ќе биде побарано да го подигне ветото.

„Кога велам наскоро, тоа е во поглед на димензијата на стапувањето во членство во ЕУ, што трае меѓу седум и петнаесет години. Тоа е нормален период. Еден дел од тој временски период е веќе поминат од страна на Македонија, но останува уште многу да се направи. Ако се пресметува на овај начин, пресметката на Европската комисија станува најверојатно реалност, односно заедничко влегување на сите земји од Балканот, околу 2020. година. Со исклучок на Босна и Херцеговина, бидејќи таа заостанува многу во пренесувањето и спроведувањето на европското законодавство. Проширувањето може да се случи порано или подоцна една или две години“, вели Захорка.

Тој додава дека ако Македонија работи според принципот дека е фиктивна членка на ЕУ, таа може да го забрза периодот на заленувањето во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија