Захарова: Изјавите на Заев се обид за самореклама

Од:

Изјавите на премиерот на Македонија, Зоран Заев дека Русија приготвува негова ликвидација се неосновани инсинуации и обид за самореклама, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Ова беше реакција на Русија на интервјуто на Заев за црногорсното радио кога што кажа дека има дојави за план за негова ликвидација по црногорско сценарио.

– Сметаме дека таквата изјава претставува неоснова инсинуација и конструкција и таа е обид за жртвена самореклама. Таквите изјави штетат на руско-македонските односи и очигледно се разлкуваат од декларираната подготвеност на Скопје да гради конструктивна соработка со Русија, нагласи Захарова.

Портпаролката на миниистерството за надворешни работи на Русија смета дека ваквите изјави служат едиствено како покритие за забрзано влегување на Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Руте: Русија останува најзначајната и најдиректна закана за нашата безбедност