Захариева: Во Македонија се добиваат избори на антибугарска реторика, кај нас тоа не е така

Од:

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева повторно ја обвини Македонија дека не го почитува Договорот за добрососедство. Таа вели дека за разлика од Македонија каде според неа се добивале избори на антибугарска реторика, во Бугарија тоа не било случај.

– Не, не сакам Македонија да остане надвор од ЕУ. Сега не ја одобривме рамката за преговори, тоа е различно. Не случајно Бугарија го направи проширувањето на Западен Балкан приоритет за време на нејзиното претседателство и направи многу за Македонија и Албанија. Сепак, повторувам, создавањето генерација по генерација на омраза кон Бугарија не може да продолжи. Ова нема да запре ако тие утре станат членки во ЕУ – изјави Захариева во интервју за бугарскиот медиум clubz.bg.

Захариева демантира дека нејзината партија му ја дала како концесија темата „Северна Македонија“ на Красимир Каракачанов и ВМРО.

-Не, не мислам така. Ова е голема разлика. Таму можете да победите на избори со антибугарска реторика. Во Бугарија може да има одобрување на нашата позиција, но тоа не значи дека само поради оваа причина некој може да победи на избори. Во Бугарија, фала му на бога, изборите не се добиваат со спротивставување кон соседите – вели таа.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ќе предложам до Владата Законот за здруженија да го испрати до Венецијанската комисија

Орце Костов