Захариева: Блокадата за Северна Македонија е поради „говорот на омраза“

Од:

Министерката за надвoрешни работи на Бугарија, Екатерина Захарева, вели дека блокатата од нејзината држава за Македонија произлегува од погрешното читање на историјата и од „говорот на омраза“ од македонската страна.

„Проблемот со читање историја во Република Северна Македонија е дека погрешните и лажни толкувања на настани, луѓе и настани во текот на 30 години доведоа до „говор на омраза“ и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, нешто што е апсолутно апсолутно недозволиво за нас“ вели Захариева.

Таа во интервју за шпанската агенција ЕФЕ објаснувајќи го проблемот користи примери од Латинска Америка.

„Фактот што Аргентинците и Чилеанците зборуваат шпански не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека тие имаат заедничка историја со Шпанија до одредена точка не го намалува нивниот суверенитет денес. Напротив, ги приближува до Шпанија“ – смета бугарската министерка.

Таа тврди дека Македонија престанала да го почитува Договорот за добрососедство и пријателство и дека тоа се случило кога земјава влегла во НАТО.

„Условите што Бугарија ги поставува пред Република Северна Македонија не влијаат на современиот идентитет или на суверенитетот на нашиот сосед“ – дополнува Захариева.

Детали од интервјуто Захариева објави на својата Фејсбук-страница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

Има очекувања на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за да се одблокира европскиот пат на земјава