Захариев вети јавен градски превоз во Штип

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција вети воведување на јавен градски превоз по пат на јавно-приватно партнерство. Според неговата програма, општината ќе субвенционира 50 проценти од патниот билет.

– Организирањето на јавен превоз во градот и приградските населби е важен проект за општината бидејќи ова е голем проблем за населението во Овчеполието, кон соседната општина Карбинци и во Лаквичко. Ќе имаме дневен превоз од Три Чешми, од Чардаклија секојдневно, како и од Стар Караорман, а ќе ја поврземе и општина Карбинци со секојдневен превоз од Таринци и Карбинци. Исто така ќе ги поврземе и населбите од градот, Баби, Сењак, Автокоманда со центарот на Штип, во делот на Лакавичко до селата ќе има секојдневен превоз, а за овчеполските села, Врсаково и Криви Дол ќе организираме превоз за време на викендите, појасни Захариев.

Тој истакна дека од централното градско подрачје до големите населби 8-ми Ноември, Автокоманда, Сењак, Дузлак и Баби ќе имаа линии, а автобусите ќе кружат на половина час. Според него, со оваа линија ќе се поврзе највиталниот дел на градот каде живеат 30.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ