Захариев: Штип ќе добие нов аеродром

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев на денешниот митинг во тој град истакна дека благодарение на Владата предводена од Никола Груевски сега сите патишта водат кон Штип.

-Од првиот ден тргнавме да работиме, не застанавме. Имавме елан, мотивација, знаење. Знаевме што треба да се направи во овој град и навистина, направивме над 450 проекти, а нашиот опчет има 500 страници. Тоа немаше да го оствариме ако не беа крупните капитални проекти на централната власт. Патот до Велес е веќе завршен, а автопатот до Скопје 90 отсто завршен, се гради експресен пат према Кочани, се гради и нова Клиничка болница, се направи Универзитетот „Гоце Делчев“, гасификацијата е завршена, имаме нова ТИР зона, а после 2020 година ќе имаме и нов аеродром, истакна Захариев.

Рече дека направени се над 160 улици, како и над 38 спортски објекти.

Тој потенцира дека доаѓаат нови предизвици и оти ВМРО-ДПМНЕ има нова визија за да го гради Штип.

-Ќе го зајакнеме локалниот економски развој. Ќе имаме нови вработувања, две нови индустриски зони и проширување на индустриската зона во Три чешми и старата индустриска зона кај Метална Алумина. Ние ја уредивме реката Отиња, ни претстои нов предизвик, да ја уредиме и реката Брегалница како и реката Отиња. Ќе ја поддржуваме бизнис заедницата, но ќе се бориме и за работничките права, посебно на нашите вредни и посветени текстилни работници во нашиот град. Нашите проекти ќе бидат во делот на инфраструктурата, да ги довршиме оние 10 улици кои не се завршени во нашиот град. А тоа е Обиколницата со мостот на Брегалница во местото „Сењак“ се до Пребек и продолжување на истата до бањата Кежовица, посочи Захариев.

Потенцира дека ќе се инвестира во нови водоводи, онаму каде што ги нема. Тој додаде дека ќе се направи и канализациона мрежа каде што е застарена или ја нема.

Би можело да ве интересира

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна