Захариев даде отчет за сработеното во првите 100 дена од својот мандат

Од:

По повод 100 дена од преземањето на функцијата, градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, денеска на прес-конференција и преку брошура за граѓаните даде отчет за досега сработеното.

„На почетокот од мојот мандат реков дека најпрвин ќе го заобиколиме Штип со тоа што ќе завршиме одредени проекти во сите населени места во околината. Ги замолив сите урбани заедници да ми дадат по пет проекти што се значајни за нив да ги завршиме за да можеме да се посветиме и на поголеми проекти во централното градско подрачје“,изјави Илчо Захариев, градоначалник на општина Штип.

Првите 30 дена од својот мандат Захариев ги посвети на заживување на руралните средени преку изградба на селски плоштади, чешми и изградба на пешачки патеки.

Меѓу поважните проекти што се реализирани во првите 100 дена, градоначалникот на општина Штип ги издвои реконструкцијата на дел од патот кон вештачката акумулација Мантово, реконструкција на дел од кракот на ул. Генерал Михајло Апостолски, обнова на асфалтниот слој на улицата

„Браќа Миладиновци“ и асфалтирање на обиколницата околу месноста Суитлак, изградба на седум спортски игралишта во повеќе населби, поврзувањето на приградската населба Караорман со градскиот водовод.

Захариев посочи дека во тек е и реализацијата на повеќе проекти што се од голема важност за граѓаните на општина Штип, како што е уредувањето на коритото на река Отиња, изградбата на водоводната ЛИНИЈА 2, адаптација на филтер-станицата, приклучување на Чардаклија кон градската водоводна мрежа, изградба на канализациската мрежа во населбата Балканска и редица други помали проекти.

Според Захариев во првите сто дена се сработени околу 100 проекти, но уште многу треба да се работи за Штип да добие слика каква што посакуваат сите граѓани.
М.Р.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски