Захариев: Бесплатна бања и превоз за пензионерите, лицата со посебни потреби и социјалните случаи

Од:

Кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев на прес-конференција денеска истакна дека во изминатите четири години реализирани се 450 проекти, а еден од подобрите е реконструкција на Градската бања „Кежовица“. Тој најави дека во неговата изборна програма предвидено е за пензионерите, лицата со посебни потреби и социјално ранливите семејства еден ден во неделата бесплатно да ги користат услугите на бањата „Кежовица“.

– Лековитите води на „Кежовица“ се познати со децении. Тоа се едни од најлековитите води во Европа, користењето на тие види носи благодат и здравје. Од тие причини како локална самоуправа се обраќаме до сите пензионери, до сите ранливи групи и сите лица со посебни потреби дека секој вторник ќе биде бесплатен ден за користење на услугите на бањата „Кежовица“, рече Захариев.

Истакна дека општината ќе им обезбеди и бесплатен превоз од нивните домови до бањата и на тој начин Кежовица ќе ја направат подостапна за околу 9.000 пензионери на кои, како што рече, навистина им се потребни нејзините лековити води.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски