Осумдесет годишниот Т.Г. го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера утрината се случила на регионалниот пат раскрсница Дојранска во Валандово. Од МВР информираат дека несреќата се случила меѓу товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Л.П. (53) од село Куклиш и автомобил „застава 128“ управувано од Т.Г. (80).
Во незгодата со повреди се здобиле возачот на Т.Г. и сопатничката Р.Г., по што биле пренесени во Медицински центар во Струмица, каде мажот им подлегнал на повредите.