Загина велосипедист на регионалниот пат Осломеј-Кичево

Од:

Полицијата извести дека во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево, кај место викано „Ѓубриштето“, камион „мерцедес“ управуван од К.К.(26) од кичевското село Гарани, удрил во велосипед управуван од Ј.С.(63) од Кичево.

„Од здобиените повреди на местото починал велосипедистот, а смрт констатирал лекар од Медицинскиoт центар во Кичево. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

Пијан возач прегази малолетен велосипедист во Охрид, па избега од местото

А1он

Автомобил удри во група деца на велосипеди во Холандија – тројца загинаа

А1он

Мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје

Горан Наумовски

Прегазен велосипедист на булевар во Скопје

А1он

Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Револуционерната гарда

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он