Пијан возач прегази малолетен велосипедист во Охрид, па избега од местото

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 17:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на пресекот на булеварот „Македонски Просветители“ со улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед, управуван од 15- годишно момче од Охрид и патничко возило, кое не застанало, туку го напуштило местото на незгодата.

Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

По преземени мерки, полициските службеници го пронајдоа возилото „фолксваген тигуан“ со охридски регистарски ознаки и возачот М.Д.(65) од Охрид, кој го управувал возилото, а по извршено алкотестирање било утврдено дека има 0,7 промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

Автомобил удри во група деца на велосипеди во Холандија – тројца загинаа

А1он

Прегазен велосипедист на булевар во Скопје

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Брзо возење и претекнување на пешачки премин – истрага за возачот кој го прегази Јорго Ќука

А1он

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Загина велосипедист на регионалниот пат Осломеј-Кичево