Загина тракторист од прилепско Тополчани

Од:

Четириесет и шестгодишен жител на селото Тополчани денеска загина кога тракторот со кој управувал, се превртел и го потиснал.

Според заменик-обвинителот од прилепското Основно јавно обвинителство Данчо Кочоски, до несреќата дошло кога тракторот со кој починатиот Злате Пројчески ја орал нивата, во еден момент се слизнал во ендек и се превртел.

Началникот на Итната медицинска помош Гоце Јонзоски информира дека загинатиот имал повреди на градниот кош и оти е констатирана смрт.

Увид на местото на несреќата направија полицијата и Јавното обвинителство.

За неполн месец, ова е втор несреќен случај со трактор. Пред 12 дена на патот Ропотово-Пешталево во општина Долнени, загина 34-годишен жител на селото Секирци, откако се преврте трактор.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски